Полицијата уби маж осомничен за убиството на приврзаник на Доналд Трамп минатиот викенд за време на немирите во Портланд, соопштија властите, објави „Би-би-си“.
Мајкл Реинол (48) беше осомничен од полицијата за убиство на приврзаник на претседателот Трамп за време на судир меѓу приврзаниците на претседателот и оние на движењето „Црните животи се важни“ во Портланд.
Реинол рече дека дејствувал во самоодбрана кога го убил Арон Даниелсон, член на десничарската група „Патриотска молитва“.
По него е распишана потерница, а полицијата го пронајде во четвртокот. Анонимен извор за АП изјави дека Реинол извадил пиштол при средбата со полицијата, по што полицајците го убиле.
Еден официјален претставник за „Њујорк тајмс“ изјави дека осомничениот за убиството, за кого не можеше да се потврди дека е Реинол, излегол од станот и влегол во возилото.
„Имаше пукање додека се обидуваа да го уапсат “, изјави полковникот Реј Брејди за „Њујорк тајмс“.
Exclusive: The victim of last night’s deadly shooting in downtown Portland is Aaron Danielson, who went by Jay. His family has been informed of his death.
Portland Police have not released details about their investigation and the shooter is at-large. #PortlandRiots pic.twitter.com/4y8j9fSJ5K
— Andy Ngô (@MrAndyNgo) August 30, 2020
Членовите и приврзаниците на движењето „Црни животи се важни“ протестираат, честопати насилно, од атентатот врз Џорџ Флојд во мај, а се случуваат и судири со десничарски групи.
Реиноел, кој редовно протестираше, за Vice News изјави дека мисли дека Даниелсон ќе го прободе него и неговиот пријател.
“Немав избор. Мислам, имав избор. Можев да седам и да гледам како го убиваат мојот пријател со различна боја на кожа, што не можев да го сторам”, рече тој.
The police just executed Michael Forest Reinoehl as retailation for killing one of their racist ass militia men.
The sitting U.S. president called for the hit.
This is where we are. pic.twitter.com/rn6SAoVUdv
— ashley yates (@brownblaze) September 4, 2020
Во четвртокот, претседателот Доналд Трамп го коментираше атентатот врз Даниелсон.
“Зошто полицијата во Портланд не го уапси ладнокрвниот убиец на Арон ‘Џеј’ Даниелсон? Направете си работа, направете го тоа брзо”, објави на Твитер.