Украинската влада денеска најави нов полициски час за викендот, поради предупредување за можно зголемување на руската воена активност за време на велигденските празници.
Полицискиот час ќе биде во сила од вечерва во 19 часот до 5 часот наутро во недела во областите Доњецк, Луганск, Харков, Запорожје, Миколаев и Керсон, каде што се водат интензивни борби, најави Кирило Тимошенко, заменик началникот на кабинетот на украинскиот претседател.
Во другите региони на Украина, вклучително и главниот град Киев, полицискиот час ќе трае од 23 часот вечерва до 5 часот наутро во недела, јавува Си-Ен-Ен.
Претходно оваа недела, украинските власти во регионите Луганск и Суми ги повикаа жителите да присуствуваат на виртуелни верски служби преку Интернет, истакнувајќи дека се можни руски провокации и дека многу цркви се уништени.