Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 66 лица, 45 приведени

Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие 66 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење,  при што приведени се 45 лица, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.

Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР, исто така, информираат дека  полициски службеници извршиле  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за само изолација. аа/лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО