Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час не го почитувале 31 лице, од нив приведени 19

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 13 мај 2020 (MIA) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци за што ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, исто така, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 17 лица кои што ја прекршиле оваа мерка.

На територијата на државата за изминативе 24 часа на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 66 лица потпишале изјави за самоизолација. Од извршените контроли од страна на полициските службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолацијастои во соопштението. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче