Штип, 13 април 2020 (МИА) – Низ општините во источна Македонија полицискиот час за време на викендов не го почитувале 46 граѓани, од нив 40 се приведени, двајца малолетни, и тројца над 67 години. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека се поднесени 17 кривични пријави по членот 206 од КЗ. Контролирани се вкупно 421 објекти. Во државен карантин спроведено е едно лице.
-На подрачјето на СВР Штип за време на мерката полициски час во периодот од 10 до 13 април на 16 лица им се издадени решенија за изолација, a 104 потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 344 контроли на лица во изолација и 399 на лица во самоизолација, се вели во соопштението на СВР-Штип.
Во текот на вчерашниот ден е регистрирано семејно насилство во Пробиштип, 57-годишен маж пријавил дека во 17.40 часот во семејната куќа бил физички нападнат од неговиот 24 годишен син, кој бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.вдј/бт/