Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 97 лица

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 97 лица

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 97 лица не ја почитувале забраната за движење, односно приведени се 62 лица, информираат од МВР.

Исто така, според статистичките податоци, на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката . оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МO: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста

Приведени четворица кумановци, нападнале вработен во фудбалски клуб

Томовски: Кога ја презедов СОЗР, ја почнавме легализацијата на државниот имот, а денес веќе имаме имотен лист за вилите на претседателот и премиерот во Скопје и во Охрид