Утрински Весник
Македонија

Полицаец несакајќи си пукал во стапалото додека го чистел пиштолот

Полицаец несакајќи си пукал во стапалото додека го чистел пиштолот

Синоќа, околу три часот по полноќ, 24-годишен полицаец од скопското село Инџиково се повредил додека го чистел службениот пиштол.

Како што информираат од МВР, А.С.(24) при чистењето на пиштолот, од невнимание испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало.

Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

За инцидентот известен бил и Одделот за внатрешна контрола при МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: 5.5 милиони евра – оваа година лото добивката се падна кај Мицкоски

ПОЛИЦИЈА И БРЗА ПОМОШ НА ПАТОТ ГОСТИВАР – МАВРОВО: Тешка сообраќајна несреќа

Жените ги нападнале мажите – три одделни случаи стигнале до полицијата