Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Полицаецот повреден на Капитол починал од природна смрт, објави комисијата

Полицаецот повреден на Капитол починал од природна смрт, објави комисијата
300x250 opst2

Комисијата за здравство во Вашингтон го објави своето откритие дека полицаецот Брајан Сикник, кој беше повреден за време на нападот на приврзаниците на Трамп на Капитол Хил, на 6 јануари, доживеал мозочен удар и починал од природна смрт.

Брајан Сикник е едно од петтемина лица кои го загубија животот по нападот врз зградата на американскиот Конгрес.

Две лица се обвинети за напад на Сикник за време на немирите на 6 јануари, пренесува АП.

Врз основа на изјавите на сведоците добиени на почетокот на истрагата, се сметало дека полицаецот Сикник бил удрен во главата со апарат за гасење пожар, но Комисијата утврдила дека причината за смртта е лошата здравствена состојба.

Ова откритие на здравствената комисија од Вашингтон значително ќе ја намали можноста федералното обвинителство да поднесе тужба за убиството на Сикник.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа