Утрински Весник
Македонија

Полагање цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Полагање цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска-Ременски, денеска во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а загинал во селото Баница на денешен ден во 1903 година, по долга и измачувачка битка со турската војска. Делчев е идеолог, организатор, водач на македонското револуционерно национално ослободително движење и еден од творците на револуционерните правни акти.см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври