Утрински Весник
Македонија

Покрај Дебарското езеро изградил три дивоградби и нелегално пресекол 200 стебла борова шума

Покрај Дебарското езеро изградил три дивоградби и нелегално пресекол 200 стебла борова шума

Дебарската полиција поднесе кривична пријава против 63-годишник со иницијали Ф.К. од Дебар, поради сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности, бесправно градење и пустошење шуми.

Како што информираат од МВР, во текот на годинава на локации на брегот на Дебарското езеро во државна сопственост, 63-годишникот бесправно пресекол 200 стебла борова шума и неовластено изградил три објекти од тврд материјал, со што се стекнал со противправна материјална корист од 241.100 денари.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата