Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Да си вакциниран е чин на љубов

Папата Франциско: Да си вакциниран е чин на љубов

Вакцинацијата против Ковид-19 е чин на љубов, рече денеска папата Франциско, повикувајќи ги верниците да се вакцинираат.

„Вакцините даваат надеж дека пандемијата ќе заврши, но само ако се достапни за секого и ако работиме заедно“, нагласи римокатоличкиот поглавар.

Папата ја поддржа кампањата за промовирање на вакцинацијата во САД и другите земји од американските континенти.

„Да си вакциниран (…) е чин на љубов, а и придонесот кон тоа повеќе луѓе да бидат вакцинирани е чин љубов. Љубов кон себе, љубов кон семејството и пријателите, љубов кон сите“, рече 84-годишниот папа.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска