Утрински Весник
Спорт

Покетино: Бевме подобри од Реал, над Донарума не досудија чист фаул

Покетино: Бевме подобри од Реал, над Донарума не досудија чист фаул

Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино, разочаран и незадоволен од судиските одлуки го напушти „Сантијаго Бернабеу“, со своите избраници. Реал, синоќе, со хет-трикот на Карим Бензема го победи ПСЖ (3:1) и се пласира во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

„Кога ќе примите гол, каков што примивме ние (првиот гол, грешка на Донарума), се се менува. Се менува текот на натпреварот, атмосферата на трибините. Навивачите го носеа Реал. Неверојатно е да ја гледаа снимката кај првиот гол, имаше фаул врз Донарума. Чист фаул. Од секој агол се гледа дека голманот беше фаулиран. Не можам да повредувам дека ВАР не реагираше“, рекол Покетино.

Аргентинецот смета дека ПСЖ биле подобри од Реал.

„Се беше решено за 10 минути. Ние бевме подобри во двата натпревари. Се распаднавме. Не постои објаснување за она што ни се случи“.

Неизбежно беше и прашањето за Килијан Мабапе. Никој не знае дали напаѓачот ќе остане во Мадрид.

„Не можам сега да зборувам на таа тема. Разочаран сум“, заклучил тренерот на ПСЖ.

> Покетино: Бевме подобри од Реал, над Донарума не досудија чист фаул <

Можете да прочитате

Реал останува највреден фудбалски клуб во светот

Реал е највредниот фудбалски клуб во светот

Реал на аукција ја продава соблекувалната