Смртта на 85-годишниот фотограф Рене Роберт во Париз, кој подлегна на хипотермијата откако падна и помина девет часа целосно игнориран од минувачите на студениот тротоар во центарот на градот, предизвика тага, гнев и неверување во Франција и пошироко, пренесува Гардијан.
Овој швајцарски фотограф, познат по фотографиите на некои од најпознатите шпански фламенко ѕвезди, починал минатата недела откако се лизнал за време на една од неговите ноќни прошетки во парискиот кварт каде што живеел, а според неговиот пријател, новинарот Мајкл Момпонтету, Роберт паднал на тротоарот на улицата Турбиго, пишува британски весник.
– Му се вртеше и падна. Не можел да стане, девет часа лежел на студ додека бездомник не повикал брза помош. Имаше хипотермија и не можеше да преживее. Во тие девет часа ниту еден минувач не застанал да провери зошто овој човек лежи на тротоарот. Никој – напиша Момпонте во серија твитови.
Тој за Франс ТВ Инфо ги објави и околностите за смртта на неговиот пријател, каде рече дека Робер е „убиен од рамнодушност“.
– Кога оваа страшна смрт би можела да послужи за каква било цел, тоа би било вака: кога човек лежи на тротоар, треба да провериме што е тоа – без разлика колку сме зафатени. Ајде да застанеме за момент – рече Момпонте.
Тој истакна дека многу луѓе, меѓу кои и тој, често гледаат од друга страна кога се во прашање луѓето на улица.
Смртта, која се случи во областа на Париз, каде спијат многу бездомници, предизвика дебата за граѓанската одговорност и основната пристојност, пишува Гардијан.
Насловот во Фигаро гласеше: „Фотографот Рене Роберт, мртов во рамнодушност на сред улица“.
Шпанската амбасада во Холандија на Твитер напиша дека смртта на „Рене Роберт, кој со својата камера ги овековечи сите големи фламенко уметници, ја предизвикува нашата колективна совест“.
– Многу сум тажен поради загубата на Рене Роберт, кого имав среќа да го запознаам и фотографирам. Не можам да разберам зошто никој не му помогна. Не сакам да мислам дека живееме во општество со толку мала вредност – рекол фламенко пејачот Аркангел, добитник на Греми, пренесува британскиот весник.