Утрински Весник
Свет

Познат британски архитект сака да го обнови Харков

Познат британски архитект сака да го обнови Харков

Британскиот архитект Норман Фостер, познат по обновата на германскиот Рајхстаг и по Милениускиот мост во Лондон, понуди да помогне во обновата на Харков, кој беше делумно уништен во руската инвазија.

Фондацијата на 86-годишниот архитект објави дека Фостер во понеделникот преку видео-конференција разговарал со Игор Терехов, градоначалникот на вториот по големина украински град, кој се наоѓа на истокот на земјата.

Фостер го претставил својот план за обнова на градот, во кој, според податоците, една четвртина од зградите се уништени. Градот беше место на борби на почетокот на руската офанзива, но остана под контрола на Украина.

Фостер истакнал дека сака да ги собере најдобрите експерти и најдобрите таленти во светот кога станува збор за планирање, архитектура, дизајн и градба со цел веднаш да почне да работи на, како што рекол, ренесансата на Харков.

Тој посочич дека во првата фаза ќе биде изготвен план за град на иднината кој ќе го комбинира највредното и најценетото наследство од неговото минато со најпосакуваните и еколошки инфраструктури и градби.

Градоначалникот ми одговорил дека е запознаен со неговата работа и дека со задоволство би го применил новиот и напреден стил во својот град.

„Посакувам да имаме центар на градот што ќе стане едно од знаменитостите на Европа“, додал тој.

Според него, околу 25 отсто од зградите во градот се уништени и има потреба од нови болници, училишта и градинки, како и канцеларии за технолошкиот сектор во развој.

Фостер се смета за клучна фигура во британската модернистичка архитектура.

Други негови познати градби се кулата Геркин во Лондон, стадионот Вембли, зградата Сити хол во Саутварк, Лондон…

Можете да прочитате

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви