Утрински Весник
Спорт

Познати се 1/4 финалните двојки на ЕУРО 2020

Познати се 1/4 финалните двојки на ЕУРО 2020

По драматичната победа на Украина над шведска (2:1), познати се сите четврт-финални двојки на Европското првенство. Натпреварите ќе се одиграат на 2. и 3.јули.

Четврт-финалната фаза ќе ја отворат Швајцарија и Шпанија во Санкт Петербург од 18 часот.

Три часа подоцна, својот дуел во Минхен ќе го започнат селекциите на Италија и Белгија.

Ден подоцна, на Олимпискиот стадион во Баку од 18 часот ќе играат Чешка и Данска, а во 21 часот својот меч во Рим ќе го започнат Англија и Украина.

Полу-финалните натпревари се играат на 6. и 7.јули, а финалето е на 11.јули. Завршните мечеви ќе се играат на Вембли во Лондон.

> Познати се 1/4 финалните двојки на ЕУРО 2020 <

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години