Утрински Весник
Спорт

Познати се играчите кои можат да потпишат договори пред рестартирањето на сезоната во НБА

Шампионот во НБА поразен од ЛА клиперс

Њујорк, 20 јуни 2020 (МИА) – Станаа познати критериуми според кои играчите ќе можат да бидат потпишани договори пред продолжувањето на сезоната во НБА лигата во Орландо.

Екипите имаат право да потпишат играч кој има договор во НБА или Лигата на развој оваа сезона, или кој не играл за професионален тим надвор од САД оваа сезона.

На списокот на слободни агенти кои имаат право да се приклучат на еден од тимовите во лигата се најдоа: Џамал Џеј Ар Смит, Ник Јанг и Демаркус Казинс.

Грег Монро, кој ја мина сезоната во Европа, но се врати во Соединетите држави, нема да може да го потпише договорот.

НБА одреди датум на валидност за прозорецот за потпишување пред рестартот на сезоната 2019/20. Екипите ќе можат да потпишат играчи помеѓу 23 јуни и 30 јуни.

Трансфер рокот ќе биде достапен за сите 30 клубови во лигата, а не само за оние 22 кои ќе учествуваат во рестартирањето на сезоната во Орландо.

Продолжувањето на НБА лигата прекината поради пандемијата на коронавирус треба да се случи на 30 јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига