Утрински Весник
Спорт

Познати домаќините за финалните мечеви во ЛШ до 2025 година

Познати домаќините за финалните мечеви во ЛШ до 2025 година

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди градовите домаќини за финалните мечеви во Лигата на шампионите, во наредните четири години. Меѓу градовите домаќини повторно се најде Истанбул, кој поради коронавирусот, остана без домаќинството во претходните две години.

Финалето во сезоната која е пред нас ќе се одигра во Санкт Петербург, додека Истанбул ќе биде домаќин во 2023 година.

Лондон и култниот стадион Вембли ќе бидат домаќини во 2024 година,а финалето во 2025 година ќе се одигра на стадионот на Баерн во Минхен.

> Познати домаќините за финалните мечеви во ЛШ до 2025 година <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет