Утрински Весник
Свет

(Видео) Дел од стан се урна врз градилиште за нова зграда во Белград

(Видео) Дел од стан се урна врз градилиште за нова зграда во Белград

Дел од стан се урна во белгадската населба Врачар.

Како што јавуваат српските медиуми, среќа во несреќа е тоа што во станот во моментот на драматичното уривање немало никој.

Станарите во другите станови биле евакуирани и нема повредени.

Станот се урнал врз багер. Машината работела на градилиште каде што се копаат темели за изградба на нова зграда, веднаш до зградата во која се наоѓа станот што се урна. Работникот од багерот забележал што може да се случи и избегал на време.

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија