Утрински Весник
Сцена

Познатиот фотопортрет на Џенифер Анистон оди на наддавање

Познатиот фотопортрет на Џенифер Анистон оди на наддавање

Лос Анџелес, 4 јуни 2020 (/) – Познатиот разголен фотопортрет на Џенифер Анистон оди на продажба, заради собирање парични средства за борбата против корона-епидемијата во САД.

„Мојот драг пријател @markseliger се здружи со @radvocacy и @christiesinc заради аукцијата со 25 негови портрети – вклучувајќи го и мојот – со цел ублажување на ефектите на Ковид-19“, објави глумицата на Твитер.

Актот-портрет е дело на познатиот фотограф Марк Салигер, и настанал во самите почетоци на светската треска наречена „Пријатели“, во 1995 година, кога Анистон имала 26 години.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка