Утрински Весник
Магазин

Познатата актерка Лори Логлин во затвор поради корупција

Познатата актерка Лори Логлин во затвор поради корупција

Холивудската актерка Лори Логлин отиде на издржување затворска казна од два месеци, поради нелегален обид да ги запише своите ќерки на колеџ.

Познатата брачјна двојка Лори Логлин и Масимо Џанули ја загубија битката пред судот во случајот со обвинението дека му платиле на Рик Сингер половина милион долари за да ги фалсификува спортските резултати на нивните ќерки и како успешни веслачи да се запишат на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Лори Логлин отиде во истиот затвор каде нејзината колешка Фелисити Хафман, ѕвездата на „Очајни домаќинки“, одлежа 11-дневна казна.

Нејзиниот сопруг Масимо Џанули е осуден на пет месеци затвор, 250 часа општокорисна работа и парична казна од 250.000 американски долари. Покрај двомесечен престој во затвор, Лори ќе мора да стори уште 100 часа општокорисна работа и да плати казна од 150.000 долари.

Вкупно 57 лица се обвинети за корупциски скандал околу запишувањето на факултет.

„Донесов страшна одлука. Сакав моите ќерки да се запишат на факултет на нефер начин. Би сакала да можам да се вратам во времето и да направам некои работи поинаку, но можам само да преземам одговорност и да одам напред“, рече Логлин пред судот во август.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста