Утрински Весник
Свет

Пожар на брод со мигранти, загинаа четири лица

Пожар на брод со мигранти, загинаа четири лица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку четворица мигранти загинаа, а седуммина се повредени кога избувнал пожар на нивниот брод крај јужниот брег на Италија, јавија италијанските медиуми. Полицијата во Кротоне соопшти дека биле повредени двајца полицајци, кои се обиделе да им помогнат на мигрантите, пренесува Ројтерс.

Италијанската државна телевизија РАИ њуз 24 наведува дека е потврдено дека загинале четворица мигранти, но дека засега не е јасно дали починале во пожарот или се удавиле во морето, додава АП.

По пожарот, кој е предизвикан од експлозијата, се кренал густ црн дим, која можеле да го забележат дури и пливачите на плажата во близина на Кротоне, пристанишен град во регионот Калабрија, на југот на Италија.

Новинската агенција Прес наведува дека на бродот имало околу 20 мигранти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Венецуела ослободи уште 88 затвореници уапсени по постизборните протести

Во 2026, на бриселската маса „членство од втор ред“ за новите можни членки и потенцијално „ограничување на ветото“ за кластерите, но не и за затворање на преговорите

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во Кран-Монтана, граѓаните оддаваат почит