Утрински Весник
Македонија

Пожар во хотел во Неготино – повредени три лица

Три лица се тешко повредени при гаснење пожар што настанал вчера во хотел на бул.„Маршал Тито“ во Неготино.

Според информациите од МВР, екипи на Територијалните противпожарни единици Неготино и Кавадарци го изгасниле пожарот. Притоа со повреди се здобиле С.Т.(41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино и сите биле задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

Можете да прочитате

Деца на Попова Шапка се обиделе да го ограбат манастирот

Шукова доби нова позиција во партијата

Магла на Плетвар – 24info.mk