Утрински Весник
Македонија

Пожар во стан на булевар „Трета МУБ“ во Куманово

Пожар во стан на булевар „Трета МУБ“ во Куманово

Куманово, 8 април 2020 (МИА) – Пожар избувна во еден стан во зграда лоцирана на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“  во Куманово.
Од територијалната противпожарната единица од Куманово информираат дека пожарот кај нив бил пријавен во 15:55 часот.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на терен се две противпожарни единици со десет пожарникари кои во моментов го гасат пожарот.
Од Итна помош во Куманово потврдија дека нивна екипа, исто така е на местото на настанот.ам/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утрово нема задржувања на граничните премини

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување