Утрински Весник
Македонија

Пожар во приколка од трактор натоварена со сено, повредено едно лице

Пожар во приколка со трактор натоварена со бали сено избил во  селото Подареш, радовишко.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш и лицата кои биле присутни.

Притоа, како што информираат од МВР, додека го гаснеле пожарот со повреди се здобил Р.А. од селото Подареш, кој бил пренесен во ЈЗУ Радовиш за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Можете да прочитате

Снег заврна на Попова Шапка

Двајца малолетници тешко повредени по пад од мотоцикл

Тешко повреден работник од Индија кој работел на автопатот Кичево – Охрид