Утрински Весник
Свет

Пожар во зграда во Белград, пожарникарите преку деветтиот спасиле девојче од десеттиот кат

Пожар во зграда во Белград, пожарникарите преку деветтиот спасиле девојче од десеттиот кат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Попладнево околу 13 часот избувнал пожар во станбена зграда на во центарот на Белград.

Во инцидентот, со тешки изгореници се здобило 15-годишно девојче кое најпрво било пренесено во Ургентниот центар, а потоа требало да биде пренесена на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.

Според српски „Телеграф“, девојчето некое време викало за помош од терасата и врескало.

„Ужас. Гледате и не можете да помогнете. Дојдоа работниците и се качија на деветтиот кат, па ја спуштија од десетти на деветти. Се слушна нешто налик на експлозија, сè пукаше“, рекол еден од сведоците.

Причините за пожарот сè уште не се познати, а на самото место пристигнале итна помош и пожарникари. Делови од покривот паднале, известуваат репортерите на „Телеграф“ од теренот.

Пожарот избувнал во стан на 10-от кат од зградата, а станарите биле евакуирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кина: САД „сериозно го кршат“ меѓународното право со запленувањето бродови

Израелската влада го затвора Военото радио

Премиерите на Данска и Гренланд го повторија барањето до САД за почитување на нивните граници