Утрински Весник
Свет

Пожар беснее четврти ден кај резерват во Грција, загрозено село во близина

Пожарот кој беснее четврти ден во близина на природниот резерват Дадија во североисточна Грција, во близина на границата со Турција, повторно му се заканува на едно село, поради што властите побараа од граѓаните да ги напуштат своите домови по втор пат за кратко време.

dobivaj vesti na viber

Пожарите кај Дадија и подрачната единица Илија се главните пожари во Грција, но како што пренесува „Катимерини“ уште многу пожари се шират низ земјата.

Пожарот на островот Лезбос, кој му се закануваше на одморалиштето на јужната страна на островот, се чини дека стивнал и има само изолирани „џебови“, според локалните власти.

Во меѓувреме, пожар избувна и на неколку други локации – на Пелопонез, Западна Македонија, централна Грција и Крит.

Високите температури, заедно со силните ветрови кои често го менуваат правецот, го забрзуваат ширењето на пожарот. Портпаролот на противпожарната служба Јанис Атропојос во неделата изјави дека од четвртокот се регистрирани 141 пожар.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ