Утрински Весник
Свет

Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа кои се борат со големи пожари.

Помошта дојде еден ден откако во пожар изгореа повеќе од 100 куќи и деловни објекти во близина на грчката престолнина Атина.

Со чамци беше извршена евакуација на луѓето на островот Евија поради обилниот чад поради шумските пожари, а тројца пожарникари беа повредени, додека пожарникарите на другите места се бореа да ги задржат пламените јазици.

Околу 85 луѓе беа однесени на плажа и евакуирани со пет чамци, а околу 150 куќи беа уништени на островот.

Околу 100 пожарникари, со седум хеликоптери и противпожарни авиони, се бореа со пожарот, соопштија претставници на цивилната заштита.

Шефот на Цивилната заштита, Никос Хардалијас, рече дека во последните 24 часа избувнале 118 пожари и предупреди дека може да дојдат уште полоши денови за пожарникарите кои работат под голем притисок.

„Вложуваме титански напори на многу полиња. Според нашите прогнози, утре исто така се очекува да биде тежок ден. Најтешкиот дел е пред нас, следните денови и недели ќе бидат уште потешки. Нашата клучна цел е да ги заштитиме човечките животи“, изјави тој пред новинарите, пишува „Катимерини“.

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење