Утрински Весник
Свет

Поединци немаат чувство за вкус и мирис дури една година по заразата со коронавирусот

Поединци немаат чувство за вкус и мирис дури една година по заразата со коронавирусот
Ss2

Три дена по позитивниот тест за коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила чувството за вкус и мирис на почетокот на пандемијата. Една година подоцна, таа стравува дека сетилата никогаш нема да и се вратат.

Таа разговарала со оториноларинголози и невролози, испробала многу спрејови за нос и е дел од група пациенти експериментално третирани со рибино масло.

Img 5587

Таа е една од ретките луѓе со долготрајна анозмија, нарушување што е потценета последица од пандемија со Ковид-19.

Повеќето од оние кои го изгубиле чувството за вкус и мирис во пандемијата се опоравуваат „за три до четири недели“, вели Валентина Парма, психолог од Универзитетот Темпл во Филаделфија.

Но, 10 до 15 проценти од нив страдаат со месеци, додаде Парма.

Губењето на чувството за мирис и вкус од пандемијата погоди околу десет милиони луѓе ширум светот. Вкусот и мирисот честопати се сметаат за помалку важни од видот и слухот и нивната загуба се смета како помалку сериозна од другите последици на долгиот Ковид-19.

Парма не се согласува со ова бидејќи губењето на вкус и мирис може да доведе до вознемиреност, па дури и депресија.

Најчестото прашање што го поставуваат луѓето кои ги изгубиле овие чувства е „Дали сетилата ќе се вратат некогаш?“

Парма вели дека тоа е тешко да се предвиди.

„Држете се, не губете ја надежта и ви посакувам се најдобро“, додаде Парма.

Ss1

Можете да прочитате

ЕУ ја предупреди Грузија дека усвојувањето на законот за „странски агенти“ ќе биде пречка за европската иднина на земјата

Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина