Утрински Весник
Економија

Поевтинуваат бензините и дизелот

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина односно за еден ипол денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денар за литар, со што новите цени ќе изнесуваат 60 односно 62 денари за литар.

Дизелот ќе поевтини за половина денар на 53 денари за литар.

И Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поевтини за 0,50 денар на 52,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,215 денари за килограм.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светот води трка за бакар, Македонија располага со 410 илјади тони во „Иловица-Штука“

НБРМ: Раст на безготовинските плаќања и на дигиталните канали

Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето