Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение против 39-годишен дилер од Скопје

Поднесено обвинение против 39-годишен дилер од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 ноември, при претрес во домот на обвинетиот 39-годишен скопјанец во Бутел, беа пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба.

Освен ова, при претресот беше пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот.​

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна