Утрински Весник
Македонија

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во општина Маврово Ростуше

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше, ги пречекорил службените овластувања и на 02.10.2014 година, по свое лично поднесено барање, завел предмет кој не постои во архивата на Општината, па изготвил извод од план за населбата Маврови Анови со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата. Истиот го употребил за приватизација на градежно земјиште без надоместок со што направил штета на државата за 1.248.450 денари, соопштија надлежните.

dobivaj vesti na viber

Поради ова основното јавно обвинителство од Гостивар поднело обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Имено обвинетиот, како службено лице – раководител на одделение за урбанизам во општината Маврово Ростуше, ги пречекорил службените овластувања и на 02.10.2014 година, по свое лично поднесено барање, завел предмет кој не постои во архивата на Општината, па изготвил извод од план за населбата Маврови Анови со невистинита содржина и спротивен на урбанистичкиот план за населбата.

Изводот од планот за три катастарски парцели во Никифорово, со вкупна површина од 203 м2, го употребил за приватизација на градежно земјиште без надоместок, по основ на поранешна сопственост.

По поднесеното барање, врз основа на лажните документи, парцелите биле впишани на име на обвинетиот, со што била оштетена државата за 1.248.450 денари, а друго оштетено лице на кое парцелите му следувале согласно вистинскиот урбанистички план, било оневозможено да ги приватизира.​

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова дома, а каде другите македонски политичарки ќе ја пречекаат новата година?

Калајџиев: Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран