Утрински Весник
Македонија

Поднесени кривични пријави поради забава на плажа во Градиште за време на епидемија

Поднесени кривични пријави поради забава на плажа во Градиште за време на епидемија

Охридската полиција поднесе кривична пријава против тројца скопјани – И.И.(33), Г.Ј.(34) и С.Ј.(34), како и против фирма од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што информираат од МВР, пријавените на 2. август организирале музички настан во Градиште и на плажата, без почитување на мерките против Ковид-19 и протоколите за отварање и работа со кафетерии.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Скопјанец прво бил измамен за 7000 евра, а потоа добил ќотек од измамникот

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење

Сосотојба со пожари: Уште гори кај Морани и на пет други локации