Утрински Весник
Економија

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза

Мал пад на акциите на европските берзи пред потпишувањето на договорот меѓу САД и Кина

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање.

-На тој начин вработените во брокерските друштва од дома, без да имаат потреба да доаѓаат во своите канцеларии, ќе можат да ги извршуваат секојдневните трансакции и да продолжат редовните тргувања на Македонската берза, велат од НЕОКОМ АД.

Работата во облак (cloud) во екот на кризата, посочуваат, е од голема важност имајќи ја предвид потребата од пристапување до податоци од далечина, што всушност ја претставува и главната карактеристика на платформата neoCloud.

-neoCloud e платформа која НЕОКОМ ја имплементираше уште во 2014 година како одговор на потребите на компаниите за работа во облак. Нејзините главни предности се редундантноста, големата достапност и безбедноста кои се најбитни кога станува збор за пристап до податоци. Како потврда за квалитетот на платформата се и бројните институции од финансискиот сектор како банки и осигурителни друштва кои ја користат оваа платформа, а на кои безбедноста и достапноста на податоците им е од основно значење, посочуваат од НЕОКОМ. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%