Утрински Весник
Свет

Поддржувачите на Трамп лумпуваат во зградата на Конгресот

Поддржувачите на Трамп лумпуваат во зградата на Конгресот

Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп денеска го пробија полицискиот кордон и влегоа во зградата на Конгресот.

Трамп претходно им се обрати на своите поддржувачи во близина на Белата куќа и ги повтори обвинувањата за изборна измама, повикувајќи ја толпата да маршира кон Капитол.

Потоа насобраната толпа проби неколку редови на полициски барикади и упаднаа во зградата на Конгресот за време на сесијата на која требаше да се потврди победата на Џо Бајден.

Потпретседателот Мајк Пенс, кој ја водеше сесијата, полицијата го однесе на безбедно место. Извршена е евакуација и на останатите пратениците на кои претходно им било кажано да земат гасмаски, бидејќи полицијата употребила солзавец откако во зградата биле забележани вооружани цивили.

Една жена е застрелана и како што пренесуваат американските медиуми, се наоѓа во критична состојба.

Во меѓувреме, Трамп го осуди Пенс на „Твитер“ дека немал храброст да ги заштити земјата и уставот бидејќи еднострано на ја блокирал верификацијата на избирачките гласови.

„Ројтерс“ објави дека вработените во Сенатот безбедно ги чувале резултатите од Изборниот колеџ.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шангајската организација за соработка ги собира најважните евроазиски лидери, здружувајќи ги силите против Западот

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обеида убиен во израелски напад

Трамп: Малку е веројатна средба меѓу Путин и Зеленски, но троен самит е извесен