Утрински Весник
Македонија

Подготвителни работи за изградба на нова градинка во Струмица

Подготвителни работи за изградба на нова градинка во Струмица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 27 февруари 2020 (МИА) – Почнаа подготвителните работи за изградба на нова детска градинка во населбата „Касарна“ во Струмица, информираа денеска струмичките општински власти.

Објектот ќе се гради на површина од 1.443 квадратни метри со приземје и кат и ќе располага со капацитет за згрижување на 300 деца.

Проектот е финансиран од Министерството за труд и социјална политика, а изградбата треба да заврши за 16 месеци.

Новата градинка ќе биде изградена по најсовремени стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст и со неа ќе се реши проблемот со прекубројност во клоновите на градинката „Детска радост“. рт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува Божиќ по Грегоријанскиот календар

Околу Нова година доаѓа вистинска зима со доста снег

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари