Утрински Весник
Магазин

Повторно скандал со реставрација на уметничко дело во Шпанија

Повторно скандал со реставрација на уметничко дело во Шпанија

Мадрид, 24 јуни 2020 (/) – Шпанија се соочува со уште еден случај на, според многумина – непрофесионална реставрација на уметничко дело. Овојпат се работи за сликата „Дева Марија“ од шпанскиот уметник Бартоломеј Естебан Муриљо кој живеел во 17. век.

– Мислам дека овој човек – или луѓе – не треба да се нарекуваат реставратори. Тие се квази-мајстори кои само ги прикрпуваат работите. Тие ги уништуваат делава!, нагласи Фернандо Карера, поранешен претседател на шпанското Професионално здружение на реставратори и конзерватори.

Слични критики доживеа и онаа на дрвената статуа на Св. Ѓорѓија од 16. век, којашто по зафатот 2018 година, ја нарекуваа „урнебесен цртан лик“. Љубителите на уметноста, на Твитер, веднаш го споредија и овој потфат со неславно лошата реставрација од 2012 година, на „Ече хомо“ фреската „Исус Христос“.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 05 ноември 2026 година

Сендвич за појадок или за ручек, Wolt ги открива интересните навики на Македонците

Ултразвучни бранови може да намалат нарушени размислувања кај лицата со шизофренија и шизоафективно растројство