Утрински Весник
Македонија

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 % во однос на Одлуката од 17.1.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,386 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,213 ден/кг.

Од 25.1.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,213 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 4,856 %, кај дизелот за 4,802 % , кај екстра лесното масло за 4,821 % и кај мазутот за 4,320 %.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.1.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

Турски држајванин паднал од балкон од зграда во Карпош

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Министерот Перински во работни посети на Свети Николе и Чешиново – Облешево со фокус на локалниот развој