Утрински Весник
Магазин

Повреден планинар пронајден после седум дена вели дека кучето му помогнало да преживее

Повреден планинар пронајден после седум дена вели дека кучето му помогнало да преживее

Човек кој пешачел со кучето на италијанските Алпи преживеал седум ноќи на отворено, по пад во кој го скршил скочниот зглоб.

Спасувачките екипи во четвртокот со хеликоптер забележале маж како лежи во близина на поток во планините северно од Удине, во североисточна Италија. Тој бил покриен со лисја, но во близина го виделе и неговото спасувачко ќебе, пишува Би-би-си.

Мажот (33) бил гладен и жеден, но рекол дека неговото куче од мешана раса, Еш, кое било цело време со него, му помогнало да преживее.

Пронајден бил на надморска височина од скоро 700 метри.

Човекот од Трст бил во дел од долината Вензоне каде немало покриеност со мобилна мрежа. Неговата девојка во средата ја предупредила спасувачката служба. Изминатите години, тој одел на слични прошетки и престојувал во планински колиби и импровизирани засолништа.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување