Утрински Весник
Македонија

Повредени четири лица во тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор во Скопје

Повредени четири лица во тешка сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотор во Скопје

Четири лица завршија во болница со повреди, од кои две се потешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера на улицата Перо Наков.

Во несреќата учествувале мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(32) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово. Во незгодата мотоциклистот и сопатникот В.С.(31) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Д.П. и сопатничката од истото возило Н.П.(33) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“