Утрински Весник
Свет

Во Германија досега дадени повеќе од 25 милиони вакцини

Германска вакцина против Ковид-19 готова до крајот на 2021 година

Досега се дадени повеќе од 25 милиони вакцини во Германија, објави Институтот „Роберт Кох“ (РКИ). Во соопштението се вели дека 25,45 милиони вакцини биле дадени во неделата.

Германските власти попладнево ќе разговараат за процесот на вакцинирање и се очекува да донесат поттикнувачки мерки за вакцинираните.

Според РКИ, до понеделник околу 19,5 милиони луѓе во Германија примиле барем една доза или 23,4 проценти од населението.

Во меѓувреме, околу шест милиони ја примиле втората доза, односно 7,2 проценти од популацијата.

Можете да прочитате

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли

Сенатот на САД со големо мнозинство изгласа нови санкции против Русија

Шпанија ѝ се закани на Италија со реципрочни мерки поради граничните контроли