Утрински Весник
Спорт

Повредата на Ди Марија не е сериозна

Јувентус со победа над Сасуло (3:0) ја почна новата сезона во Серија А. Блескаше на дебито Анхел Ди Марија, Аргентинецот го постигна првиот гол и му асистираше на Душан Влаховиќ кој го постави конечниот резултат.

dobivaj vesti na viber

Ди Марија одигра 66 минути, потоа се пожали на повреда и го напушти теренот. Прегледите што ги направи претпладнево покажале дека тој ќе отсуствува од тимот во наредните десет дена.

Од Јувентус потврдија дека се работи за повреда на адукторот.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите