Утрински Весник
Македонија

Поволности за паркирање на лицата со попреченост

Поволности за паркирање на лицата со попреченост

Сите граѓани – лица со попреченост преку Јавното претпријатие „Градски паркинг“ можат да користат поволности за паркирање на своите возила на територија на цело Скопје, соопшти Општина Карпош.

Со бесплатна картичка за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието можат да се стекнат:

– Лицата со попреченост со утврдена дијагноза односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ, слепи лица со оштетување на видот над 90 %.

Овие лица потребно е да ги испратат следниве документи на е – адресата на „Градски паркинг“ :
– важечка лична карта – на увид;
– копија од сообраќајна дозвола;
– ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување – на увид;
– Лекарски наод од специјалист – на увид;
– Потврда од матичен лекар за точно наведена дијагноза – оригинал;
– Членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица – на увид;
– Пополнет образец Барање – Договор (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ)

За решавање на проблемот со паркирањето, локалната самоуправа спроведе и анкети за воведување на регулација на паркирањето. Спроведени се анкети во Карпош 1 и Карпош 2, при што доминираат одговори за воведување на зонско паркирање.

Вакви анкети ќе се спроведат и во други населби, а зонското паркирање би се спровело во соработка со ЈП „Градски паркинг“ и подразбира бесплатен паркинг за резиндентните граѓани, но не и за жителите на подалечни населби и општини, додаваат од општината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства