Утрински Весник
Свет

„Повлечете ги ковид-мерките или ќе има мртви“-германски војник поставил ултиматум до владата

„Повлечете ги ковид-мерките или ќе има мртви“-германски војник поставил ултиматум до владата

Германски војник и постави ултиматум на својата влада денеска до 16 часот да ги повлече сите мерки против коронавирусот и да се откаже од планираната задолжителна вакцинација, пишуваат регионалните медиуми.

Доколку власта не го исполни неговиот ултиматум, кажал тој, ќе има жртви.

Според твитот објавен од новинарот и уредник на Билд, Јулијан Ропке, германското Министерство за одбрана го бара овој војник, стои во новинарските извештаи.

Ропке пренел видео на кое непознат војник ја кажува својата закана.

Германското Министерство за одбрана на Твитер соопшти дека на интернет кружи видео од наводен војник кое често се споделува.

„Тоа содржи закани против владеењето на правото кои се неприфатливи. Последиците веќе се истражуваат“, соопштило Министерството, пренесуваат медиумите во регионот.

Можете да прочитате

Гроси повикува на воздржаност по нападот во близина на нуклеарната централа Запорожје

Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови

За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто