Утрински Весник
Економија

Повисоки цените на индустриските производи во февруари

Пет милиони евра заем за „Актива“ од ЕБОР

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Во февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а за 2,3 проценти на годишно ниво.

Во февруари 2020, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,1 процент, во секторот Преработувачка индустрија за 0,3 проценти,  а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 4,4  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари годинава, во споредба со февруари лани, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,3 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,1 процент, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3,5 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека во февруари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки 0,8 проценти на месечно ниво, а за 3,6 проценти на годишно ниво. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од бакарот во Иловица до антимонот кај Крива Паланка: каде е Македонија во трката за критични минерали?

СДСМ: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами – следува криза и уште поскапа храна

Левица: Дизелот ја проби стотката, ДПМНЕ го продаде контролниот пакет во ОКТА, а денес со полно ДДВ ја наплаќа кризата од џебот на граѓаните