Утрински Весник
Економија

Повисоки продажните цени на индустриските производи

Пет милиони евра заем за „Актива“ од ЕБОР
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јануари годинава се повисоки за 2,2  проценти на месечно ниво и за 3,3 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јануари 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 1,4 проценти, во преработувачката индустрија за 2,4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,5 проценти.

Во јануари 2020, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 6,2 проценти и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6 проценти, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 4,4 проценти.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јануари се повисоки за 3,1 проценти на месечно ниво, а за 4,2 проценти на годишно ниво. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЦГК истражување: Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството

ЕСМ и Владата започнуваат историски инвестициски циклус во обновливи извори, потпишани договори за 97 милиони евра

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници”