Утрински Весник
Македонија

Повисоки нивоата на реките Вардар кај Демир Капија и Бабуна кај Богомила

УХМР: Ноќеска врнежи од дожд и засилен ветер

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Нивото на реките Вардар кај Демир Капија и Бабуна кај Богомила е повисоко од јунскиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Нивоата на останатите реки во државава се главно под просекот.

Повисоко ниво е регистрирано кај Дојранското Езеро, додека нивоата на Преспанското Езеро е минимално под просекот, а на Охридското Езеро околу просекот, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија