Утрински Весник
Свет

Повеќе од 5.000 новозаразени со Ковид-19 во Токио

Повеќе од 5.000 новозаразени со Ковид-19 во Токио
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Домаќинот на Олимписките игри, Токио потврди повеќе од 5.000 новозаразени со коронавирус поради брзото ширење на делта-сојот, па експертите стравуваат дека здравствениот систем наскоро би можел да биде преоптоварен.

Новозаразените, од нив 5.042, се нов рекорд за тој град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразени може да се удвои во следните две недели. Во болниците се примаат само сериозно болни лица.

„Делта-сојот е многу силен непријател“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике. Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата. На граѓаните им се советува да останат дома.

Во Токио е прогласена вонредна состојба, која треба да остане во сила до 31 август. Затоа, рестораните и баровите мора да бидат затворени порано и не смеат да служат алкохол. Организаторите на Олимписките игри регистрираа 31 новозаразени лица кои се поврзани со игрите, најмногу досега.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски