Утрински Весник
Економија

Повеќе од 40 фирми од светот и кај нас заинтересирани за јавно-приватно партнерсто за фотонапонска електрана во Осломеј

Повеќе од 40 фирми од светот и кај нас заинтересирани за јавно-приватно партнерсто за фотонапонска електрана во Осломеј

Во врска со проектот ЈПП ФЕ Осломеј беше организирана он лајн презентација пред заинтересирани компании од целиот свет за локацијата за две фотоволтаични електрани во Осломеј кои треба да се градат како јавно-приватно партнерство, во кое АД ЕСМ е јавниот партнер во име на државата.

Он лајн состанокот се водеше од дирекцијата на АД ЕСМ, со претставници на ЕСМ, Владата и на консултантот AF-Consult.

Повеќе од 40 компании од земјата, регионот и од светот учествуваа на состанокот кој се одржа како замена на планираната посета на самата локација која потенцијалните инвеститори немаа можност да ја остварат на терен поради рестрикциите од ковид пандемијата.На истите им беа обезбедени снимки од локациите направени со дрон, презентација од стручни лица, како и можност за поставување прашања во врска со тендерската процедура.

Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди до 28 октомври, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач. Изградбата на електраните се очекува да почне во 2021 година.

Двете фотоволтаични електрани ќе бидат со инсталирана моќност од 80-100МW, ќе бидат лоцирани врз стариот исцрпен рудник за јаглен во термоелектраната Осломеј, Кичево и според договорот, приватниот партнер ќе треба да преземе 100 вработени од термоелектраната Осломеј.

„За ЈПП ФЕ Осломеј заинтересирани се голем број реномирани компании, од кои дел веќе учествувале во вакви проекти во регионот и од тие причини очекуваме успешен избор на економски оператор за овој значаен проект во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија. Сакаме да потенцираме дека АД ЕСМ ги вложува сите напори да ја продолжи реализацијата на инвестициските проекти и покрај потешкотиите на кои се наидува во услови на ограничувања наметнати од ковид кризата, и при тоа ги користи сите алатки и алтернативни мерки кои стојат на располагање и кои овозможуваат безбедност на сите вклучени во процесот“, велат од компанијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година