Утрински Весник
Свет

Повеќе од 130 милиони лица заразени со Ковид-19 ширум светот

Повеќе од 130 милиони лица заразени со Ковид-19 ширум светот

Податоците на „Ворлдометерс“ покажуваат дека бројот на заразени со коронавирус во светот се зголеми на 130.206.710 лица.

2.840.729 починале, додека 104.922.225 луѓе се опоравиле, пренесуваат светските агенции.

Најмногу заразени се во САД, каде Ковид-19 е потврден кај повеќе од 31,24 милиони луѓе.

Следат Бразил со 12,84 милиони лица заболени со коронавирус, Индија со 12,3 милиони лица, Франција со 4,69 милиони, Русија со 4,55 милиони и Велика Британија 4,33 милиони.

Индија објави 81.466 новозаразени со коронавирус, што е најголем дневен број во последните шест месеци.

Можете да прочитате

Кремљ: Се приспособивме на животот под санкции

Земјите членки од ЕУ го одобрија 18-от пакет санкции кон Русија

Експерт за демографија: „Не можете да ги подмитите луѓето да имаат деца“