Утрински Весник
Свет

Повеќе од 1.000 лица повредени за време на нередите во Киргистан

Повеќе од 1.000 лица повредени за време на нередите во Киргистан

Повеќе од 1.000 лица се повредени за време на масовните нереди во главниот град на Киргистан, објави републичкото Министерство за здравство, пренесува ТАСС.

„Во овој период 1.002 лица побараа медицинска помош“, се вели во соопштението.

Најмалку 204 од нив биле хоспитализирани, а другите биле лекувани амбулантски.

Според Министерството за здравство, едно лице починало за време на судирите меѓу оние кои се спротивставуваат на резултатите од парламентарните избори на 4 октомври и полицијата.

По парламентарните избори во Киргистан претставници на партиите кои не успеаја да го поминат прагот за влез во парламентот, организираа масовни немири во Бишкек, ги зазедоа зградите на парламентот (каде се наоѓа и претседателската управа), администрацијата на Бишкек и канцеларијата на државиот јавен обвинител.

Демонстрантите ги ослободија од затвор поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев, поранешниот премиер Сапар Исаков и голем број други политичари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран ќе им даде приоритет за премин низ Ормуската теснина на бродовите кои ќе платат

Два брода под индиско знаме нападнати додека се обидувале да поминат низ Ормуската теснина

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни